Бен Валас не очекува да го наследи Столтенберг на чело на НАТО

Британскиот министер за одбрана Бен Валас ијави дека не очекува да го наследи Јенс Столтенберг на функцијата генерален секретар на НАТО, објави магазинот „Економист“.
Британски медиуми пренесуваат дека Столтенберг треба да поднесе оставка во септември по девет години како генерален секретар на Алијансата. НАТО бара наследник на Столтенберг пред самитот во средината на јули во Литванија, а извори од неа минатата недела изјавија дека се очекува тој да остане на функцијата уште една година.
-Тоа нема да се случи, рече Валас, кој отворено изјави дека би сакал да ја добие позицијата, во интервју за „Економист“, додавајќи дека САД сакаат Столтенберг да остане.
Магазинот, исто така цитира извори блиски до Валас кои велат дека процесот останува отворен.
Портпаролот на Валас не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.