08/06/2025

Ќе се гради најголемиот подморски тунел во светот! (ВИДЕО)

Помеѓу Данска и Германија ќе „никне“ нов тунел и тие ќе бидат поврзани со најголемиот подморски тунел во светот кој треба да биде готов во 2029 година. Преминот ќе се состои од делови кои ќе бидат потопени во Балтичкото Море. Врската меѓу германскиот остров Фемарн и данскиот Лоланд ќе биде најдолгиот комбиниран патен и железнички тунел во светот.

Минувањето низ тунелот со воз ќе трае само 7 минути, додека пак со автомобил би било околу 10 минути. Тунелот Fehmarnbelt ќе биде долг 18 километри и ќе го скрати времето на патување меѓу двете држави за 130 километри.

Двата острова моментално се поврзани со траект или обиколен пат, но по завршувањето на тунелот, патувањето со воз од Копенхаген до Хамбург ќе трае два и пол часа, додека во моментов тоа време изнесува околу четири и пол часа.

На изградбата на тунелот се очекува да работат околу 3.000 луѓе, додека пак, буџетот за целиот проект изнесува околу 7 милијарди евра. За делови од тунелот е потребно количество челик кое што е еквивалентно на количината неопходна за изградба на 50 Ајфелови кули, пренесува Travel+Leisure.

Споделете