09/06/2025

Пронајдена марихуана при претрес во Радовиш

На 20.06.2023 во 15.05 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода М.К.(47) од Радовиш.

При претрес неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Споделете