Русија се сомнева на украински „валкани бомби“, од МААЕ велат дека сите движења на нуклеарниот материјал се следат

Сергеј Наришкин, шефот на руската надворешна разузнавачка служба – СЦР доцна синоќа изрази сомнеж дека нуклеарниот мониторинг на ОН и Европската Унија ќе ја проверат украинската нуклеарна активност, што според него, може да сигнализира дека Киев работи на создавање „валкани бомби“ иако тој не ги поткрепи своите наводи со конкретни докази.
Од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), како набљудувач на ОН, ја отфрлија оваа изјава, велејќи дека сите движења на нуклеарниот материјал се следат.
Наришкин рече дека неговата служба има информации дека одредено количество „озрачено гориво“ било тајно испратено од нуклеарната централа Ривина, во западна Украина, до капацитетите за складирање на озрачено гориво во Чернобил.
Украинското Министерство за одбрана не одговори веднаш на барањето за коментар. Киев во минатото изјави дека нуклеарната енергија ја сфаќа многу сериозно, истовремено обвинувајќи ја Русија за неодговорност кога станува збор за контрола на нуклеарната централа Запорожје во јужна Украина.
Тој рече дека потегот е сомнителен и може да се објасни само со намерата на Киев да создаде „валкана бомба“ со комбинирање на радиоактивен материјал со конвенционални експлозиви.
Во соопштението на МААЕ овој месец беше објавено за пренос на озрачено гориво од Ривина во Чернобил и овие движења беа земени предвид.