СДСМ обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ нема направено ништо за Македонија

Освен хистерија, лажни вести и блокади, Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ немаат ништо, буквално ништо направено ниту за државата, ниту за македонскиот идентитет.
Цела година BMPO ДПМНЕ заедно Левица ги лаже и плаши граѓаните со наводна асимилација и бугаризација, за на крај истиот тој Мицкоски да прифати промена на Уставот.
Дури и кога германскиот Бундестаг донесе Резолуција за поддршка на европскиот пат на државата и дополнителна потврда за македонскиот јазик идентитет и посебност, Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ не успеаја да лобираат кај нивните сестрински партии да гласаат За резолуцијата.
Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ не можат да издејствуваат ништо позитивно, ниту за државата, за граѓаните, ниту за македонскиот народ.
Но и покрај тоа, Мицкоски сега има ретка шанса да направи нешто добро и корисно за државата и за сите граѓани.
Откако прифати уставни измени Мицкоски треба да одреди тим за да продолжат разговорите и заедно да ја донесеме одлуката за продолжување на европскиот пат.
Христијан Мицкоски има избор, дали ќе одбере да не прави ништо како и досега или сепак ќе направи дражвнички чекор.