Xaна Малиар се пофали дека Украина ослободила осум населени места во последните две недели

Украинската заменик министерка за одбрана, Хана Малиар, денес на прес конференција за медиумите потврди дека украинските одбранбени сили ослободиле осум населени места во последните две недели во нивните офанзивни операции, вклучувајќи го и селото Пијатикатки.
-Во текот на двенеделните офанзивни операции на правците на Бердијанск и Мелитопоље, беа ослободени осум населени места, изјави Малиар во апликацијата за пораки Телеграм.
Официјален претставник во Русија претходно изјави дека Украина повторно го зазела Пијатикатки, горе споменатото село во јужниот регион на завоената област околу Запорожје.