Менкиноски: Имаме право да го вееме македонското знаме!

Адвокатот Менкиноски доби пријава за тоа што на 27-ми април годинава во Охрид во знак на поддршка го развеа знамето со сонцето од Кутлеш.
Вчера околу 18 часот пред собранието се собра поголема група на луѓе под слоганот „Јас сум Тони Менкиноски“, давајќи му поддршка на адвокатот.
„Ние си имаме право да си го вееме македонското знаме. Утре е судењето, па не очекувам ништо друго освен да ме ослободат. Како прво и основно, не постои закон кој може да нѐ спречи да го вееме македонското знаме. Поради таа причина против мене е поднесено обвинение за нарушување на јавниот ред и мир, бидејќи и тие самите не знаеле како да го нормираат обвинението. Со ова сакаат да покажат дека Македонците не смеат да го користат ова сонце“, рече Менкиноски денеска директно од протестот пред Собранието.
Инаку, тој е застапник на ОМО Илинден и има добиено десетина судски процеси против Бугарија.