09/06/2025

Променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 25 l/m²), засилен ветер (над 60км/ч.) и изолирана појава на град. Минималната утринска температура ќе се движи помеѓу 10 и 17 степени, а највисоката дневна температура ќе достигне 26 степени целзиусови.

Во Скопје променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд и засилен ветер. Температурата во главниот град ќе се движи помеѓу 16 и 23 степени целзиусови.

Споделете