08/06/2025

НОВ УЖАС ВО СРБИЈА: Дете и татко пронајдени мртви, соседите откриваат детали

Синоќа околу 19 часот трагедија ги шокираше жителите на малата уличка во Чукарица, Баново брдо, каде беа пронајдени телата на маж (41) и неговиот деветгодишен син, а полицијата се сомнева на убиство и самоубиство.

Според неофицијални информации од соседите, првата полициска патрола дошла околу 19 часот. Потоа слушнале плач на жена, за која, како што тврдат е мајка на момчето. Наводно повикала бравар да ја отклучи затворената врата.

-Пред тоа не слушнавме ништо. Тие живееја таму како станари, ние не ги познававме. Можеби сме ги виделе, но попатно. Овде постојано се менуваат станарите бидејќи сопствениците на куќата починале, а младиот сопственик ретко ја посетува куќата. Трагедија, што друго да кажеме, рекоа ужаснатите соседи.

Еден од соседите посочува дека инаку е многу миран улица и скоро никогаш и да немало расправии и тепачки. Неколку станари живеат во посебни делови од куќата во која се случила трагедијата.

Како што пренесуваат српските медиуми, откатко телата биле преземени за обдукција, низ улицата на Баново брдо одекнал лелекот на мајката на детето, која набрзо била однесена со возило на брза помош.

Повеќе детали за немилиот настан ќе бидат познати по обдукцијата.

Споделете