Ковачки: Единици на АРМ се подготвуваат за употреба надвор од своите Уставни и законски надлежности.

Пратеникот Драган Ковачки утринава на својот Фејсбук профил објави статус во кој се вели дека владата на СДСМ и ДУИ подготвуваат единици на АРМ надвор од законските и Уставните надлежности.
Како што вели Ковачки, владата не слуша што им велат од говорница народните избраници, ниту пак ги интересираат Уставот и законите.
Имено, во недостаток на чувари кои редовно биле на боледувања, власта дошла до „генијална идеја“ како што вели тој – да прогласат кризна состојба на подрачјето на затворот Идризово (Гази Баба).
Согласно таа одлука на Владата која би била во времетраење од 30 дена, следи ОДЛУКА на Министерот Славјанка Петровска:
Затворите ќе ги обезбедува – кој друг ако не единиците на АРМ!?

Тој додава дека, неспособноста во менаџирањето на човечките ресурси Владата го покрива со прогласување на кризна состојба и ангажирање на војската за да ги чуваат затворениците.
Во продолжение Ковачки додава дека во развиените демократии војската не смее да се употребува за внатрешни состојби и истот е исклучително проблематично бидејќи војската користи огнено оружје, а не гумени палки и лисици во поглед на употребата на сила.
– Ај што нема кој да и каже на Славјанка Петровска дека војската треба да се употребува за вооружена борба, а не да биде чувар на затвори, ама ме изненадува што г-динот Пендаровски кој како врховен командант на НАТО армија, потпишал наредба војниците да ги чуваат затворите, вели Ковачки.
Целиот текст можете да го прочитате на следниот во продолжение: