08/06/2025

Царинска управа на протест вo петок, Cтефан Богоев ќе биде апоентиран за директор на царина истиот ден

Предупредувачки протест на вработени во Царинска управа, најавија денес од Синдикатот на УПОЗ. Протестот ќе биде одржан во петок со почеток од 12 до 12 : 30 часот. 

– Вработените во Царинска управа веќе со години наназад, иако имаат право согласно закон и колективен договор за исплата на триесет проценти на плата, тој додаток никако не го добиваат, појасни претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски на денешната прес-конференција.

Тој нагласи дека доколку се нема слух за барањето, протестите за предупредување ќе се радикализираат, се размислува и за затворање на гранични премини и најави дека ова ќе биде првиот од протестите што ќе следат и во други институции. 

Ова воедно значи и дека новиот директор на царинската управа, Стефан Богоев, ќе биде дочекан на новата функција со протест на вработените.

Споделете