Бујар Османи: Апелираме за воздржаност од предвремени квалификации за случајот во Струга

Hoв дипломаткси скандал е во подвиг по вчерашните случувања во Струга. Имено нападнат е човек кој се декаларира како бугарин и несомнено е дека злоделото ќе биде преувеличано како што беше преувеличан случајот со Пендиков.
Во врска со вчерашниот напад врз државјанин на Република Македонија, Б.К. од Лабуниште, Министерството за надворешни работи апелира за воздржаност од предвремени квалификации се до целосно расчистување на случајот. Во текот на вечерните часови, со осомниченото лице за нападот, А. Н. од Велешта, бил извршен службен разговор и известен е јавниот обвинител.
„Овој настан не смее да фрла сенка врз институционалните напори за негување на правата и интересите на помалите заедници, вклучително и напорите за уставно-правно загарантирани права за нив, меѓу нив и бугарската заедница.
Ја повикуваме јавноста и политичките субјекти од соседна Бугарија да им овозможат на институциите на државата да ги расчистат околностите на настанот и соодветно процесуираат, согласно законската регулатива“, велат од МНР.