08/06/2025

Пукање во основно училиште во Босна- ученик влегол со пиштол и почнал да пука

Во престрелката што се случи утринава нешто пред 9:00 часот во Лукавац кај Тузла, застрелан е синот на Исмет Османовиќ, поранешен пратеник на СДА во Собранието на ФБиХ. Како што објави порталот „Аваза“, станува збор за Недимо Османовиќ кој моментално се наоѓа во УКЦ Тузла и е на операција.

Тој се здобил со прострелна рана во пределот на вратот.

Како што беше претходно објавено, поранешен ученик бил префрлен од училиштето поради недолично однесување, кој утринава дошол во училиштето со пиштол и побарал вработен.

Во него испукал неколку куршуми, а како што пишувавме претходно напаѓачот е уапсен.

-Оперативниот центар на МВР, Т.К., од дежурната полициска станица Лукавац, бил известен дека нешто пред 9:00 часот во Основното училиште Лукавац Град имало пукање и дека полициски службеници и вработени во Здравствениот дом Лукавац се упатени на местото на настанот. Други информации засега немаме – изјави претходно за порталот „Аваза“ портпаролката на МУП ТК Аднана Спречиќ.

Градоначалникот на Лукавац, Един Делиќ утрово се огласи на Фејсбук, но и на порталот „Аваза“, каде истакна дека сторителот е малолетник.

– Екипи на Црвениот крст, медицинска помош, психијатриска помош се на терен, таму е и премиерот, наскоро ќе пристигне и министерот – изјави утрово Делиќ за порталот „Аваза“.

Споделете