3opaн Димитровски Жоро: Потребна е Влада која што ќе се бори за националните интереси, а не да ги предава на првата препрека како што прави оваа

Колумнистот и екс заменик министер за локална самоуправа, Зоран Димитровски Жоро, во вчерашната „Само Вистина“ публиката ја воочи со причините зошто оваа власт на СДСМ и ДУИ нема, како што тој тврди патриотски политички легитимитет.
„Ние мораме да видиме подадена рака од Софија. Ние мораме да видиме регистрација на македонски здруженија“, истакна Димитровски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија говорејќи дека се потребни гаранции од Бугарија дека нема Македонија по уставни измени да се соочи со нови блокади.
Димитровски додаде дека ЕУ и Европскиот Совет исто така ќе треба да дадат гаранции дека билатералните прашања и идентитетските прашања нема да смее да бидат фактички предмет на вето од страна на Бугарија во македонските евроинтеграции.
„Зошто се прави театар од уставните измени? Дури и Бујар Османи кажа неколку пати дека работната група во суштина и нема што да работи, значи тие само трошат пари и купуваат време. Идејата е дека 80 пратеника од власта немаат“, рече тој.
„Кој е проблемот? Зошто избори? Оваа Влада го изгуби тој патриотски политички легитимитет. Мнозинство на граѓани сметаат дека владата не се бори за заштита на македонските национални интереси“, нагласи Димитровски.
Тој укажа дека е потребна Влада која што ќе се бори за македонските национални интереси, а нема да ги предава на прва препрека.