Дали на село Неокази му се заканува нова еколошка катастрофа? Гори депонијата Озрен во непосредна близина на селото

По сечата на шумата, на село Неокази пробиштипско му се заканува нова еколошка катастрофа. Гори депонијата која е во непосредна близина на селото, а јак и непријатен мирис чувствуваат селаните.
-Не беше доволно што ја исекоа боровата шума, сега гори и локалната депонија Озрен во непосредна близина на селото. Жителите се гушат во чад.
Дали сега надлежните Инспекторатот за екологија или Министерството ќе превземат мерки!? Дали некој од надлежните ќе се одважи да постапи, прашуваат жителите на селото!?, прашува нашиот извор кој и ни ги испрати видеата.