Османи: ДУИ е подготвена да поддржи Влада без ДУИ до избори

Министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи, на својот личен фејсбук профил го објави ставот на партијата по денешната лидерска средба помеѓу Мицкоски и Ковачевски.
Предлогот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е да се формира широка влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и да се гласа за уставните измени кои ќе имаат важност по ратификацијата за членство на Македонија во Европската Унија на земјите членки.
Османи напиша дека „ДУИ е подготвена да поддржи Влада без ДУИ до избори доколку опозицијата ги поддржи уставните измени и истите стапат на сила пред формирањето на таа влада.“
Останува нејасно, дали опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати ваков концепт со цел гласање на уставните измени.