Адвокатот Тони Менкиноски што го развеа „Сонцето од Кутлеш“ ќе биде уапсен доколку не се појави на суд на 16 јуни

Адвокатот Тони Менкиноски кој се гони за тоа што го развеа знамето со „Сонцето од Кутлеш“ ќе биде уапсен од страна на МВР доколку не се појави на суд во процесот кој се води против него.
Ова како закана стои во документ на судот во Охрид пред кој се води постапката против Менкиноски.
Постапката против него се води по пријава од СВР Охрид од каде што тврдеа дека наредбата за прогон на адвокатот е дојдена директно од кабинетот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Тони Менкиноски е адвокат кој без надомест со години ги брани Македонците од Бугарија во Стразбур каде до сега учествувал во 16 пресуди против Бугарија.
Сега МВР на Оливер Спасовски го гони за тоа што во знак на поддршка на уставобранителите на 27 април годинава го постави огромното македонско знаме познато како знаме со „Сонцето од Кутлеш“.
Кога од МВР по налог на кабинетот на министерот Спасовски почнале да одат по куќите на луѓето што биле со Менкиноски на 27 април адвокатот се пријавил дека тој бил одговорен за настанот и побара сам да одговара за знамето со цел да ги заштити другите учесници.
Судското рочиште е закажано за 16 месецов во Охрид каде во Охридскиот суд ќе му се суди за нарушување на јавен ред и мир, иако никој во Охрид не пријавил дека е нарушен јавниот ред и мир.