08/06/2025

Премиерот Ковачевски се „заканил“ дека ќе се пресели во Америка

Откако пред околу еден месец кога на средба на пратеничката група на СДСМ си дал оставка која подоцна под притисок на ДУИ ја повлекол, премиерот Ковачевски уште најмалку еднаш во моменти на бес и немоќ се заканувал дека ќе си замине од премиерската позиција, пренесува Експрес.

Втората ситуација во која шефот на владата најавил оставка се случила лани во јули во текот на протестите против Францускиот договор пред Собранието да донесе заклучок за прифаќање на документот кој ја стави Македонија во страшна ситуација во однос на Бугарија.

Тогаш на средба во кабинетот на спикерот на парламентот Талат Џафери биле собрани повеќе високи претставници на СДСМ, ДУИ и други членови на владеачката коалиција.

Според извори во ДУИ кои имаат прецизни информации за средбата во еден момент во расправата за прифатливоста на Францускиот предлог и можноста за негови промени со цел тој да се прилагоди на очекувањата на македонците и ВМРО-ДПМНЕ Ковачевски станал и се заканил дека ќе ја напушти премиерската фукнција и ќе даде оставка.

Ако ги прифатите промените на францускиот предлог како што бара ВМРО-ДПМНЕ тогаш јас ќе си заминам од премиерската позиција и ќе се преселам во Америка каде што имам понуда за работа, изјавил тој пред повеќе луѓе на состанокот на кој немало претставник од ВМРО-ДПМНЕ.

На оваа реакција претходела расправа во која Али Ахмети го прашал Османи дали сугестиите на опозицијата се прифатливи на што тој добил позитивен одговор.

Вицепремиерот Артан Груби предложил да се прифатат предлозите на ВМРО-ДПМНЕ по оценката на Османи за да може Францускиот предлог да биде прифатлив за сите во Македонија и со тоа уставните измени ќе беа само техничко прашање.

Во тој момент Димитар Ковачевски станал и рекол дека ќе го напушти состанокот и владата и ќе замине да живее во САД.

Тој додал дека тој не може да бара од ЕУ промена на францускиот предлог затоа што веќе истиот го прифатил и дал збор дека ќе го помине во Собранието.

По заканата за оставка сите присутни се повлекле од идејата за прилагодување на Францускиот предлог на барањата на македонците по што ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа уставни измени кои сега се блокирани затоа што СДСМ и ДУИ немаат 80 пратеници во собранието, открива висок извор во ДУИ кој се лути што целата вина за состојбите се префрла на неговата партија додека одлуките кои се лоши за македонците главно ги носат Ковачевски, Зечевиќ и СДСМ.

Во сличен испад на премиерот на крајот на минатиот месец пред своите пратеници кои ги обвинил дека работат за Заев се заканил дека ќе даде оставка која била спречена од луѓе на ДУИ.

Споделете