08/06/2025

Ѓорчев: Власта влезе неподготвена во преговорите со Бугарија и треба да понесе одговорност кон граѓаните

Фото: 24 ТВ

„Вината за спорот со Бугарија е наша, зошто влеговме неподготвени во дијалогот. Требаше да им ги знаеме нивните принципиелни ставови кон нас. Очекувам дека тие ќе бидат добронамерни, но не може да излезат од матрицата на Бугарската Академија на науките“, истакна Марјан Ѓорчев во вечерашното гостување во емисијата „24 Отворено“ на Телевизија 24.

Марјан Ѓорчев во вчерашното гостување во емисијата „24 Отворено“ на Телевизија 24 истакна дека „Вината за спорот со Бугарија е наша, зошто влеговме неподготвени во дијалогот. Требаше да им ги знаеме нивните принципиелни ставови кон нас. Очекувам дека тие ќе бидат добронамерни, но не може да излезат од матрицата на Бугарската Академија на науките“.

Тој исто така додаде дека оваа власт е веќе шеста година на власт и треба да понесе одговорност кон граѓаните за нивната работа.

Ѓорчев истакна дека во однос на Македонија новата Влада во Бугарија нема да има драстични промени и секој политички субјект таму ги има определено своите цели кон Македонија и знаеме точно со што се соочуваме.

„Бугарија си ги оствари своите цели со францускиот предлог таа јасно ги дефинираше и своите цели уште од 2011-та година кога не дадоа согласност за она што го добиваме како препорака од европската комисија“, кажа Ѓорчев.

Тој децидно кажа дека оваа власт во 2017 година во рок од само два месеци ги направи најкатастрофалните грешки во преговорите со Бугарија. Таа Влада го потпиша тој договор и ги прифати сите бугарски барања.

Споделете