08/06/2025

Марко и Мартина од скопската ЗОО уживаат во пролетта на швајцарските Алпи

Фото: Four Paws

Мечињата Марко и Мартина пред скоро една година, на 21-ви мај 2022 заминаа од скопската зоолошка градина да живеат во преубавиот парк Ароса Баренланд на швајцарските Алпи. Мечињата се брат и сестра, тие со години живееле одделено во различни живеалишта, а од фотографиите се гледа дека сега тие се заедно и дека се среќни.

Скопската ЗОО и здружението Four Paws заеднички одлучија дека најдоброто решение за благосостојбата на мечињата ќе биде тие да бидат префрлени во еден од резерватите на Four Paws во Швајцарија.

Во Ароса, по краток период на адаптација се случи првата емотивна средба на Марко и Мартина. Оттогаш, од Four Paws постојано објавуваат видеа и фотографии од двете мечки, кои живеат заедно со уште две други мечки, спасени од Албанија.

Фото: Four Paws

По трансферот во резерватот им биле дадени нови имиња и тие сега се викаат Сем и Џамила.

Во објавата на Four Paws се гледа дека мечињата се здрави и среќни во новата средина и по првата помината зима во прекрасниот резерват на швајцарските Алпи.

Споделете