Временска прогноза за ден 18.05.2023

Времето денес ќе биде променливо облачно, во утринските часови во источните делови од државата се очекуваат врнежи од дожд. Околу пладне и попладне пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде ќе биде и нестабилно со поројни дождови и грмежи.
Попладне во источните делови облачноста ќе се намали, ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието на места засилен северен ветер. Миниалната температура ќе се движи во интервал од 9 до 14, а максималната од 16 до 22 степени.
Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремен дожд, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд во утринските часови, а попладне се очекува стабилизација на времето и сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 19 степени.
Викендов се очекува да преовладува сончево и топло време. Од недела повторно продолжува нестабилното време со локални поројни дождови и грмежи во попладневните часови.