08/06/2025

Временска прогноза за ден 16.05.2023

Времето денес се очекува да биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, додека пак во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На некои места се очекува процесите да бидат поинтензивни во форма на невреме, проследени со пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и услови за изолирана појава на град.

Минималните температури се очекува да се движат во интервал од 10 до 14, а максималните од 18 до 23 степени.

Во Скопје, променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди, во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Температурите ќе се движат во интервал од 12 до 21 степен.

До четврток не очекува променливо облачно време со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме и изолирана појава на град. Во петок и сабота се очекува да преовладува претежно сончево време, а од недела се очекува нова дестабилизација на времето.

Споделете