Османи смета дека Охрид е одличен за мировни преговори на Азербејџан и Ерменија

Министерот за надворешни работи во улога на претседавач со ОБСЕ иницирал во Охрид да се одржат мировни преговори меѓу Азербејџан и Ерменија за надминивање на деценискиот конфликт. Според него, Охрид веќе се профилирал како поволно место за преговори за надминување на различни конфликти, мислејќи притоа на неодамнешните преговори меѓу Белград и Приштина со посредништво на САД и ЕУ.
За идејата Османи добил веќе поддршка за време на посетата на САД. Тој вели дека Охрид ќе се претвори во центар на ОБСЕ за медијаторство и преговарање за решавање на меѓудржавни и регионални конфликти, но и на внатрешни конфликти во некои земји.