Рама СЕ ЖАЛИ на Велика Британија: ГИ ДИСКРИМИНИРААТ АЛБАНЦИТЕ за да ги правдаат своите проблеми

По вестите дека во Велика Британија голем број различни бизниси често се користат за перење пари, но повеќето криминални средства едноставно се враќаат во Албанија на рака или со возило, реагираше албанскиот премиер Еди Рама.
Според него Велика Британија ги таргетирала Албанците за да ги правда проблемите.
Рама демантираше дека Албанците се причина за криминалот во Велика Британија.
„Таргетирање на Албанците, што некои срамно го направија за време на борбата за Брегзит, како причина за британскиот криминал и проблемите со границите е лесна реторика, но игнорира тешки факти. Повторувањето исти работи и очекувањето различни резултати е лудост – прашајте го Ајнштајн“, рече Рама на Твитер.
Рама вели дека 70% од 140.000 Албанци кои се преселиле во ОК живееле во Италија и Грција. 1200 од нив се деловни луѓе.
Албанците во ОК работат напорно и плаќаат данок. ОК треба да се бори против криминалните банди од сите националности и да престане да ги дискриминира Албанците за да ги оправда неуспесите во политиката, вели тој.
Инаку во неодамнешна заплена, 300.000 фунти беа пронајдени во багаж на аеродромот во Обединетото Кралство кој летал за албанскиот главен град Тирана. Во друг случај, граничните службеници пронашле 500.000 фунти скриени во комбе на пристаниште во Велика Британија, наведуваат медиумите.
Се смета дека албанските криминални групи сега го контролираат поголемиот дел од фармите за канабис низ Обединетото Кралство.
GB News неодамна објави за специјализирана полициска единица во Сафолк, каде што полицајците изјавиле дека повеќето од криминалците кои ги користат улиците во округот за криминал со дрога биле Албанци.
На југот на земјата, пак, албанските криминални групи сè уште го контролираат најголемиот дел од трговијата со кокаин.
-Изворите велат дека трговијата со канабис била главно независна меѓу албанските криминалци, но трговијата со кокаин во голема мера била надгледувана од криминалните газди во Албанија, посочува GB News.
Низ Обединетото Кралство, неодамна имаше голем број апсења на Албанци осомничени дека се вмешани во шверц на луѓе преку Ла Манш.
Британските медиуми пишуваат дека многу Албанци кои пристигнуваат во Велика Британија со чамци се под инструкции на криминални банди и потоа голем дел од нив работат за тие криминални мрежи.
Само за девет месеци од годинава илегално со моторни чамци на британска територија пристигнале најмалку 12 илјади албански граѓани.