Одлична вест: Сечата на шума во бразилскиот дел на Амазонија намалена за 68 отсто

Официјалните податоци објавени денеска покажуваат дека уништувањето и сечата на шумите во бразилскиот дел на Амазонија во април било намалено за 68 отсто во однос на истиот месец минатата година, што е огромен резултат, но дали тој тренд ќе продолжи останува да се види.
По само четири месеци од доаѓањето на власт на Луис Инасио Лула да Силва, кој во предизборната кампања вети дека ќе стави крај на уништувањето на шумите во најголемата прашума во светот до 2030 година, уништени се околу 328 квадратни километри шумска површина и според сателитски податоци на Националниот институт за вселенско истражување.
Ова е драстично намалување во споредба со намалувањето на 1.026 квадратни километри во април 2022 година, последната година од владеењето на Жаир Болсонаро.
Тоа е најголемаиот пад во 2023 година, по падот од 61 процент забележан во јануари, во споредба со истиот месец во 2022 година.
Екологот Даниел Силва рече дека има знаци на подобрување во Амазонија.
Експертот предупреди дна ситуацијата во Серадо, савански регион богат со биодиверзитет кој се наоѓа на југот на Амазонија, каде уништувањето на шумите е зголемено за 60 отсто во првите четири месеци од оваа година!