08/06/2025

Авиокомпанијата „Рајанер“ нарачала 150 нови авиони Боинг 737

„Рајанер“ објави нарачка за 150 авиони од „Боинг“, зделка вредна 40 милијарди долари што може да му овозможи на нискобуџетната компанија речиси двојно да го зголеми својот патнички капацитет во следните неколку години.

Новите авиони Boeing 737 MAX 10 се за 10% поголеми од најновата флота на авиони MAX 8 што ирскиот авиопрвозник неодамна ја претстави во својата флота. Авионот MAX 10 ќе го замени постариот авион во флотата, Боинг 737НГ, што ќе додаде зголемување на капацитетот од приближно 40 седишта по авион, со што значително ќе се зголеми нивната ефикасност.

„Рајанер“ направи нарачка за 150 авиони MAX 10, со опција за дополнителни 150 да бидат испорачани помеѓу 2027 и 2033 година. Авиокомпанијата рече дека тоа е најголемата нарачка на ирскиот авиопревозник за производ произведен во САД – иако најверојатно ќе преговара за значителен попуст за официјална вредност од 40 милијарди долари.

Според „Рајанер“, договорот ќе отвори повеќе од 10.000 работни места во авиокомпанијата и ќе го зголеми бројот на патници од 168 милиони на 300 милиони годишно до 2034 година.

Главниот извршен директор на авиокомпанијата Мајкл О’Лири рече: „Овие нови, штедливи авиони со позелена технологија нудат 21% повеќе седишта, трошат 20% помалку гориво и се 50% потивки од нашите B737NG“.

Извршниот директор на Боинг Дејв Калхун рече дека партнерството со “Рајанер“ е „едно од најпродуктивните во историјата на комерцијалната авијација“.

Споделете