Викенд временска прогноза: Сончево со умерена облачност, во попладневните часови со локален дожд

Овој викенд очекувајте променливо време кое во попладневните часови на некои места ќе донесе и поројни дождови.
Денес времето ќе биде сончево и потопло со умерена облачност која попладне ќе се зголемува и локално ќе има услови за појава на пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж на места Повардарието повремено ќе засилува. Најниската температура ќе се движи од 4 до 12 степени целзиусови, а највисоката дневна температура ќе биде помеѓу 14 и 23 степени.
Утре пак ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Температурата во недела ќе се движи помеѓу 6 и 20 степени целзиусови.
Во Скопје овој викенд очекувајте сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец со утрински температури до 10 степени целзиусови и највисоки дневни температури до 21 степен.