08/06/2025

Илон Маск спроведува големи реформи на платформата Твитер!

Сопственикот на Твитер, Илон Маск најави дека платформата ќе воведе аудио и видео повици, како и шифрирани пораки. На овој начин Твитер го следи трендот на Фејсбук и Инстаграм коишто веќе имаат слични опции.

Така, корисниците на Твитер наскоро ќе можат да се чујат и видат со луѓе ширум светот и преку оваа социјална мрежа без да мора да го дадат својот телефонски број, напиша Маск на својот Твитер-профил.

Корисниците на Твитер наскоро ќе можат да се чујат и видат со луѓе ширум светот и преку оваа социјална мрежа без да мора да го дадат својот телефонски број, напиша Маск на својот твитер проифил.

Тој на својот твитер профил објави дека од денеска корисниците ќе можат да ја користат раната верзија на шифрираните пораки.

Маск лани ги објави неговите планови за подобрување на оваа социјална мрежа, нарекувајќи ја „Твитер 2.0 – апликација за секого“. Најавите и тогаш говореа за шифрирани пораки, подолги објави и опции за плаќање преку платформата.

Споделете