09/06/2025

Николовски не знае колкаво покачување добил, во Брисел ги изгубил платежните картички!

Интересен обид за евазија од новинарско прашање на министерот од редовите на СДСМ.

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски во Брисел ги загубил платежните картички и сега не знае колку пари му дошле на сметката по покачувањето на платата.

Тој, како што пренесе Експрес мк, не кажал на што ќе го троши новото покачување, зашто како што вели, и кога ќе го добиел, ќе донирал.

Министерот Николовски е само еден од добитниците на новото зголемување на функционерските плати за 78 отсто, кое предизвика многу реакции во јавноста.

Пресметките покажуваат дека само за нето плати плус придонесите за 20-те членови на Владата, ќе бидат исплатени речиси 750.000 евра, а само за премиерот државата ќе плаќа околу 47.000 евра годишно.

Споделете