10/06/2025

Сакнции за брзо возење на 128 возачи

Од МВР информираат дека во текот на вчерашниот ден во спроведена засилена акциска контрола на територија на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, биле сакнционирани 128 возачи.

– Од нив три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 77 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 51 надвор од населено место, известуваат од полицијата.

Од МВР најавуваат продолжување на контролите и во наредните денови.

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелираат од МВР.

Споделете