09/06/2025

Миле Лефков: Случувањата во Судскиот Совет се пример како власта врши коалициско пазарање за да опстане

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков утринава гостуваше во емисија на радио „Лидер“ каде што се осврна на ситуацијата во Судскиот Совет при што посочи дека она што се случува таму за жал се случува секој ден во државата и во другите институции, а тоа го прави Владата на чело со СДСМ и ДУИ со цел да опстанат на власт ден повеќе.

„И во Судски Совет за жал гледаме од она што ни се случува секој ден, а тоа е пазарење и тоа коалиционо пазарење за да останат на власт. И за жал претседателката Весна Дамева најверојатно си ја одигра улогата со последниот предлог за уставен судија кој што нели стигна во Собрание, тоа се луѓе со една употреба. Видовме скандал од тројца предлози за уставни судии, оној кој што таа го избра го стави на гласање, а за останатите двајца не се ни гласаше. А, тоа се случуваше пред месец и половина“, потсети Лефков.

Тој додаде дека сите што соработуваат со власта за да одработат во еден момент ќе завршат на тој начин како што заврши и Весна Дамева.

Споделете