10/06/2025

Изречени 204 санкции на возачи во Скопје

На територијата на град Скопје во текот на изминатото деноноќие биле изречени вкупно 204 мерки. Меѓу нив, 26 за возење со поголема брзина од дозволената, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 5 санкции за прекршоци направени од возачите на мотоцикл.

– Изречени се девет за користење на мобилен телефон при возење, четири санкции за некористење сигурносен појас, девет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…, информираа денес од Министерството за внатрешни работи.

Споделете