08/06/2025

Дејвид Гир: Загрижувачка е употребата на европското знаменце на закони кои не се дел од усогласувањето со легислативата на ЕУ

Системот на европско знаменце се користи само кога ја усогласувате вашата легислатива со онаа на Европската Унија. Загржувачко е ознажувањетоа на законите поврзани со коридорите 8 и 10д со европско знаменце, со оглед на тоа што тука нема никакво усогласување со стандардите на ЕУ, изјави вчера евроамбасадорот Девид Гир во одговор на новинарско прашање, по одбележувањето на почнувањето на проектот „Поддршка за реформите во шумарството во Северна Македонија“.

Според него, европското знаменце посто бидејќи на патот кон Унијата, Македонија, но и другите држави, треба да усвојат повеќе делови од законодавството, за кои е потребно многу време во Парламентот.

-Ќе бидат потребни децении доколку се усвојат сите делови од законодавството, ако процесот се одвива во нормални услови. Затоа го имаме европското знаменце. Европското знаменце може да го користите кога ја усогласувате вашата легислатива со легислативата и стандардите на ЕУ. Не загрижува означувањето на законите поврзани со коридорите 8 и 10д со европско знаменце, со оглед на тоа што тука нема усогласување со стандардите на ЕУ, рече Гир.

Споделете