ПОТВРДЕНО И ОД МВР: Пронајдени се двете девојчиња кои вчера се изгубија во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека на 08.05.2023 околу 23.50 часот на бул. Борис Трајковски во Скопје се пронајдени девојчињата од струмичко за кои на 08.05.2023 околу 16 часот во СВР Скопје од нивната професорка беше пријавено дека се изгубиле на територија на Центар.
Веднаш по добиената пријава од страна на полициските службеници преземени се соодветни мерки и малолетничките се пронајдени.
Девојчињата биле во посета на Скопје на екскурзија која била организирана од нивното училиште. Нивното исчезнување го пријавила одговорната наставничка, а последно беа забележани кај трговскиот центар Веро Џaмбо.