Дожд во текот на целиот ден- ова е денешната временска прогноза

Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни (над 25 л/м2 за 24часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе се движат помеѓу 8 и 17 степени целзјусови.
Во Скопје претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во главниот град ќе биде помеѓу 11 и 16 степени.