08/06/2025

Црн Ѓурѓовден на Балканот: Жртвите на малолетниот монструм ќе бидат погребани утре

На 6-ти мај ќе бидат пограбани учениците и чуварот убиени во масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“.

Србија, а и целиот Балкан се завиени во црно, откако 13-годишно дете го изврши еден од најголемите масакри во поновата историја.

Осум деца и еден чувар беа убиени во пукањето што се случи завчера во О.У. „Владислав Рибникар“ во Врачар.

Телата на убиените А.Б., Б.А. и С.Н. беа пронајдени во училишниот хол, заедно со телото на обезбедувачот Драган Влаховиќ.

Во училницата на приземјето, клас 7/2, чиј ученик е осомничениот се убиени А.Д., К.М., М.А., Е.К. и А.Ч.

Убиените деца се родени во 2009-та и 2011-та година!

Жртвите се седум девојчиња и едно момче, меѓу кои и еден француски државјанин.

Споделете