09/06/2025

Општина Кисела Вода ве поканува на прославата на патрониот празник на општината – Ѓурѓовден

Општина Кисела Вода со големо задоволство ги поканува сите оние кои сакаат да бидат дел од заедничката прослава на патрониот празник на општината, Ѓурѓовден!
Во сабота, на 06 мај со почеток од 12 часот пред Домот на културата „Билјана Беличанец“ започнува целодневно дружење кое предвидува содржини за сите возрасти.
Настанот започнува со програма за најмладите која ќе ја отвори „Светот на Биби“. Час подоцна, од 13 часот започнува концертот на дечињата од фестивалот Поточиња. Од 14 часот со свој настап ќе се претстават танчерите од студиото за танц „Данса Латина Стефи“.

Во вечерните часови прославата ќе продолжи во ведра атмосфера со стенд ап шоуто на познатите Тино и Атанас, чиј настап е закажан за во 20 часот. Веднаш потоа, до крајот на вечетра следува забава со ДЈ Напстер.

„Се надеваме дека секој ќе најде нешто за себе и ќе биде дел од големото дружење по повод патронатот на Општина Кисела Вода.

Како дел од новата стратегија на Општината, и оваа година, големите случувања и настани, покрај културно забавниот дел, ќе содржат и реализација или промоција на значајни инфраструктурни проекти, кои ќе се одвиваат во текот на една цела седмица“ – се наведува во соопштението..

Во соопштението од Општината се наведува дека, како дел од новата стратегија и оваа година големите случувања и настани, покрај културно-забавниот дел, ќе содржат и реализација или промоција на значајни инфраструктурни проекти, кои ќе се одвиваат во текот на една цела седмица.

Споделете