08/06/2025

Започнува Саемот на книгата- ќе трае до 10. мај

Мирисот на нова книга дефинитивно ја најавува пролетта, а со тоа и годинешното 35. издание на Меѓународниот Саем на книгата, во организација на Скопски Саем и Глобал Медиа Гроуп, а поддржан од Министерството на Култура на Македонија. Јубилејниот 35ти Саем на книгата, започнува денес, а ќе трае до 10ти мај 2023 година, во Арена – Борис Трајковски во Скопје.

Саемот на книга е фантастична можност да се прослави јадрото на слободата на мислата на човекот преку пишаниот збор – книгата. Оваа година, посетителите на овој суштински културен настан, можат да очекуваат широк спектар на книги од многубројни познати, но и нови домашни и странски автори, покривајќи жанрови и стилови во склоп на белетристика, публицистика, книги за деца и уште многу повеќе.

Цената на влезниците ќе изнесува 80 денари, а 50 денари по лице ќе изнесува цената за организирани групи ученици. Билетите ќе бидат достапни за купување на влез на арената, а билети за саемот ќе можат да се купат и онлајн преку „Karti.com.mk“.

Споделете