120 години од загинувањето на најголемиот македонски син- Гоце Делчев

Македонија денеска се одбележува 120 години од смртта на еден од најголемите македонски револуционери и борец за слобода Гоце Делчев.
Бројни делегации и граѓани денеска ќе положат цвеќе и ќе се поклонат пред горобот на Делчев во црквата „Свети Спас“, а предвидена е панихида на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.
Цвеќе на неговото вечно почивалиште, како што е најавено, ќе положи претседателот Стево Пендаровски, како и собраниска делегација предводена од потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, во состав: Даниела Николова, Велика Серафимова Стојковска и Мерита Колчи-Коџаџику.
Во чест на учителската дејност, визија и мисија на учителот Гоце Делчев, а по повод 120 години од неговата смрт, на Факултетот за образовни науки при Универзитет „Гоце Делчев“ Штип ќе биде отворено историско катче во рамки на факултетот.
За разлика од 4-ти февруари годинава, кога на чествувањето на роденденот на Гоце Делчев пристигна официјална делегација од Софија, сега такво нешто не е најавено.