ХОРОРОТ можел да биде уште поголем: Во ранецот на ученикот-убиец биле пронајдени и молотови коктели

При претрес од страна на полицијата во училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар каде утринава ученикот К.К. уби десет лица, бил пронајден ранец во кој имало три молотови коктели.
К.К. го оставил ранецот во кабинетот по историја.
– Ученикот кој го изврши масакрот, пукал од два пиштоли, од кои едниот CZ 99.
По масакарот момчето се сокрило во училишниот двор, каде бил пронајден и уапсен.
Се сомнева дека тој испукал неколку истрели од пиштолот на неговиот татко во правец на учениците и обезбедувањето на ова училиште.
Работата на полицијата за утврдување на сите факти и околности поврзани со овој настан, како и лекувањето на повредените се уште се во тек.