Малолетникот во Белград пукал затоа што добил единица по историја

„Доби единица по историјата и тогаш полуде. Пукаше во наставничката по историја, а потоа и на другарите. Сите петки му се, а ние го нарекуваме бубалица“, велат учениците од ОУ „Владислав Рибникар“, каде седмоодделенецот од татковиот пиштол го уби училишен чувар и тешко рани неколку лица.
Според зборовите на децата, тие побегнале во кабинетот каде што се криеле.
– Се плашевме, настана хаос, паника. Се криевме. Го застрела чуварот во глава, велат шокираните деца.
Според родителите и учениците кои се наоѓаат пред училиштето, ученикот кој пукал наводно бил ученик во одделението 7-2.
– Слушнав пукање, некои ученици веднаш излегоа во ходникот да видат што се случува. Отпрвин мислев дека нешто се слуша од надвор. Сите почнаа да врескаат, настана општа паника, сите почнаа да трчаат, кога излегов го видов, дојде и ни впери пиштол на сите, низ солзи раскажува за српски Блиц еден од шокираните ученици.
Ученикот (14) го донел пиштолот на татко му на училиште и го започнал крвавиот пир. Тој е приведен на распит во полициска станица. Според првичните информации, четворица ученици се пренесени во Итната помош. Мотивот засега е непознат. Приодот до училиштето е затворен буквално од сите страни и врие од полиција.