09/06/2025

Манчестер Јунајтед ќе го продаде Џејдон Санчо

Англискиот фудбалер Џејдон Санчо би можел да го напушти Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок и да се врати во бундеслигашот Борусија Дортмунд.

Клубот од „Олд Трафорд“ го доведе Санчо пред само две години за 85 милиони евра токму од германскиот клуб, но тој за жал не се наметна како играч во тимот на „црвените ѓаволи“, барем не онака како што тие замислуваа.

Оваа сезона Санчо забележа 34 настапи, дел од нив како играч во првиот тим. Има шест погодоци и асистираше за два гола, но според управата на клубот тоа не е доволно за цената што ја има платено за него.

Санчо додека настапуваше во Борусија Дортмунд има постигнато маестрални 50 и „намести“ 64 погодоци на 137 натпревари од 2017 до 2021 година.

Споделете