08/06/2025

Игор Стефановски – Иџе го освои второто место на групниот пласман во Австрија

Нашиот најдобар тркач на брдско ридски патеки, Игор Стефановски – Иџе, овој викенд на трката во Австрија го освои второто место во групниот пласман.

Иџе првата трка ја заврши на второто место, а на втората трка заврши прв. По собирање на времињата мораше да се задоволи во второто место, завршувајќи позади французинот Николас Фервер. Разликата помеѓу Фервер и Иџе е помала од 1 секунда, што за нашиот шампион е одличен резултат.

Споделете