08/06/2025

Дачиќ во одбрана на Македонија: Грција протестираше ако на масата е напишано името „Македонија“, Бугарија не им дава да почнат преговори, и ЕУ тоа го толерира

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ проговори за двојните стандарди кои ги има ЕУ кон земјите од регионот.

Тој ја спомена Македонија и она што и го прават Грција и Бугарија а Брисел сето тоа го толерира и одобрува.

-Грција 20 години се бунеше ако на масата пишува „Македонија“ наместо поранешна југословенска република Македонија“.Гледајте што им прави Бугарија не им дозовлува да почнат преговори со ЕУ. И нив никој не им замерува или има нешто против, посочи Дачиќ за ТВ Пинк.

Споделете