Македонка co австралиско државјанство собори атлетски рекорд на олимписка шампионка!

Австралиската атлетичарка со македонско потекло Делта Амиџовски го урна рекордот на олимписката шампионка Сели Пирсон во Австралија на трката на 100 метри со пречки за натпреварувачки до 18 години.
Амиџовски постигна време од 13,02 секунди и така го урна рекордот на Пирсон од пред 20 години, кој изнесуваше 13,14 секунди.
„Не можам да верувам. Ова е голем благослов. Кога работите напорно, резултатот ќе се исплати. Чувството е неверојатно. Сели беше мојот идол и да се урне нејзин рекорд е нешто неверојатно“, кажа Амиџовски.