08/06/2025

Македонска судиска двојка ќе го суди дербито во ЛШ

Европската ракометна федерација (EHF) ги делегираше арбитрите за првите четвртфинални натпревари во женската Лигата на шампиони.

Двојката од Македонија, Ненад Николовски и Исмаил Металари ќе го судат „мечот на неделата“ според ЕХФ.

Тоа е натпреварот меѓу унгарскиот Ференцварош и францускиот Мец што ќе се одигра во градот Ерд.

Мечот е на програмата на 29 април со почеток од 16:00 часот, а делегати се Фулеова од Словачка и Фрешер од Словенија.

Споделете