Сончево и топло време во текот на целиот ден

Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во западните делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 24 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 22 степена.