08/06/2025

Србија мора да воведе санкции кон Русија

Mинистерот за надворешни работи на Kpaлството Шведска, Тобијас Билстром, сред Белград изјави дека соседна Србија мора да се усогласи со политиката на Европската унија кон Руската Федерација, дека мора да спроведе реформи и дека се очекува да се применат сите норми од договорот и анексот на договорот со официјална Приштина.

„Руската инвазија на Украина суштински ја промени безбедноста на Европа. Очекуваме нашите партнери да се координираат со нас и да преземат стратешка одговорност за заедничката безбедност“, рече Билстром на прес-конференцијата со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Вучиќ рече дека Билстром инсистирал Србија да воведе санкции кон Русија и дека руската агресија против Украина променила сè.

„Така и Шведска, по 200 години неприпадност во воениот блок, реши да му припадне на воениот блок. Реков дека некој мора да ја разбере и нашата позиција, бидејќи тој блок не бомбардираше без дозвола на Советот за безбедност на ОН во 1999 година“, рече Вучиќ очигледно алудирајќи на Северната Алијанса (НАТО).

Споделете