08/06/2025

Утрово ќе биде облачно, попладне повторно дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, од пладневните часови со локални врнежи од дожд, кои на места краткотрајно ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени.

Во Скопје променливо облачно, попладне со краткотраен дожд. Ќе дува умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 19 степени.

Споделете