Владата го избра Агрон Речи за Државен правобранител на Република Македонија

Владата денеска донесе одлука да го именува Агрон Речи за Државен правобранител на Република Македонија, според процедурите, на предлог на министерот за правда, а по спроведен Оглас.
Новоименуваниот Државен правобранител Речи е досегашен државен правобранител од подрачната единица на Државното правобранителство – Охрид, каде ја извршувал функцијата од ноември 2020 година. По професија е дипломиран правник, според наведеното во неговата Биографија, со долгогодишно правничко искуство во сектори за правни, кадровски и општи работи.